Margins
Вистинита но не многу веројатна историја за семејството Пустополски за куќата покрај Вардар и за четирите прстени book cover
Вистинита но не многу веројатна историја за семејството Пустополски за куќата покрај Вардар и за четирите прстени
2022
First Published
4.24
Average Rating
347
Number of Pages

Летото 1898 – во преодните денови помеѓу веќе исцрпениот XIX век и тукушто родениот XX век – Никола се враќа од своите студии на Ecole supérieur de pharmacie во Париз. Со себе го носи научното знаење од Западот и етосот на модерниот, просветлен човек, желен да ги примени во своето родно Скопје. Дома – во големата куќа на крајот на градот, покрај течението на реката Вардар – го чекаат татко му Харалампие, трговецот на ангро, мајка му Евдокија и трите помлади братучетки. На прв поглед животот на ова семејство изгледа нормален, пристоен, па дури и здодевен. Но, работите не се такви како што изгледаат. Нешто страшно и неискажливо ја фрла својата сенка врз семејството Пустополски. Старата куќа крие свои тајни што се протегаат сè до Ориентот и кои се однесуваат на богатството на дедото на Никола. Приказната за еден прстен купен во Старата скопска чаршија го втурнува Никола во низа настани чиешто потекло, смисла и цел не му се целосно јасни...

Avg Rating
4.24
Number of Ratings
42
5 STARS
50%
4 STARS
29%
3 STARS
17%
2 STARS
5%
1 STARS
0%
goodreads

Author

Влада Урошевиќ
Влада Урошевиќ
Author · 9 books

Влада Урошевиќ е македонски поет, раскажувач, романописец, книжевен и ликовен критичар, есеист, антологичар и преведувач. Роден е во Скопје во 1934 година. Завршил Филозофски факултет во Скопје. Докторирал на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје во 1987 година. Работел како соработник и уредник на Редакцијата за култура и уметност на Телевизија Скопје. Во 1982 година е избран за доцент на Катедрата за општа и компаративна книжевност на Филолошкиот факултет во Скопје, а во 1988 година станал редовен професор. Бил уредник на списанието „Разгледи“. Урошевиќ е член на ДПМ од 1961година. Исто така, тој е член на МАНУ, како и дописен член на меѓународната „Академија Маларме“ во Париз и редовен член на Европската поетска академија со седиште во Луксембург и член на Македонскиот ПЕН центар. Добитник е на повеќе награди и признанија: „Младост“, „Нолит“, „Рациново признание“, „Браќа Миладиновци“ (три пати), „Григор Прличев“ (два пати), „Стале Попов“ (два пати), „Книжевен жезол“ и други. За својот книжевен опус, како и за своите заслуги во преведувањето и афирмирањето на франсуската литература, прогласен е од Владата на Франција прво за витез на Редот на уметноста и литературата, а потоа и за офицер на истиот Ред. Влада Урошевиќ има објавено преку триесет авторски книги, преку четириесет преводи, а застапен е и во многубројни домашни и странски антологии. Неговите книги се преведени на англиски, француски, шпански, германски, дански, полски, словенчки, бугарски, српски и други јазици. Еве дел од неговиот творечки опус: Еден друг град (поезија, 1959) Невиделица (поезија, 1962) Вкусот на праските (роман, 1965) Манекен во пејзажот (поезија, 1967) Летен дожд (поезија, 1967) Знаци (раскази, 1969) Врсници (критики и есеи, 1971) Ноќниот пајтон (раскази, 1972) Ѕвездена терезија (поезија, 1973) Нуркачко ѕвоно (поезија, 1975) Сонувачот и празнината (поезија, 1979) Мрежа за неуловливото (критики и есеи, 1980) Лов на еднорози (раскази, 1983) Компасот на сонот (поезија, 1984) Нишката на Аријадна (критики и есеи, 1985) Хипнополис (поезија, 1986) Подземна палата (есеи, 1987) Демони и галаксии (студија, 1988) Панична планета (поезија, 1989) Алдебаран (записи и патописи, 1991) Митската оска на светот (критики и есеи, 1993) Ризиците на занаетот (поезија, 1993) Мојата роднина Емилија (роман, 1994) Паники (поезија, 1995) Дворскиот поет во апарат за летање (роман, 1996) Париски приказни (записи и патописи, 1997) Астролаб (критики и есеи, 2000) Дива лига (роман, 2000) Мане, текел, фарес (поезија, 2002) Невестата на змејот (роман-бајка, 2008) Седмата страна на коцката (раскази, 2010) Размена на пораки (раскази, заедно со Тања Урошевиќ, 2013) Тајна мисија (раскази, 2013) Тајно злато (поезија, 2016) Маџун (роман, 2018)

548 Market St PMB 65688, San Francisco California 94104-5401 USA
© 2026 Paratext Inc. All rights reserved