
Сите книжарници за читателите обично будат убави спомени, но не и оваа... Девојка што сака да го изненади со книга момчето што ѝ се допаѓа. Збунет член на клубот на читатели кој го промашува терминот за средба. Осамена средовечна жена што бара утеха меѓу страниците. Дистрибутер кој извршува испорака од издавачка куќа со која соработува книжарницата. И самата книжарка која од неодамна работи овде. Петмина меѓусебни странци се затекнуваат во книжарницата кога одеднаш внатре упаѓа вооружено маскирано лице и започнува да сее крв, трагедија и бескраен ужас. Оттогаш никој не сака да влезе на ова место кое го добива епитетот „Kнижарницата на смртта”. Две години подоцна книжарницата е затворена и претворена во напуштена руина што секој ја избегнува. Низ призмата на нарацијата од неколку од ликовите, читателот ќе открие што ли навистина се случило таа кобна квечерина. Дали некој од оние петмина жртви успеал да извлече жива глава од озлогласената книжарница на смртта? Нурнете се длабоко во оваа мистерија чии страници молскавично се вртат како на филмска лента.