Книгата претставува збирка текстови на Горан Стефановски напишани по повод некои настани: За нашата приказна, пристапна беседа кон МАНУ одржана кон крајот на 2004; Ноќните мори на европската културна политика, свечен поздравен говор одржан на европската конференција „Споделување на културите - ширење на погледите“ во Ротердам, Холандија, во јули 2004 г.; Приказни од Дивиот исток, говор по повод Меѓународниот летен театарски фестивал во Хамбург 2004 г. испровоциран од насловот: „Зошто Истокот повеќе не е секси?“ Во книгата се пренесени и неколку интервјуа на Горан Стефановски во периодот 1991 - 2003.