
Свет што умира. Куќа над брановите, на осамен остров среде Океанот. Спомени од минатото, тајни стари илјадници години, надеж за нов почеток… и љубов, во сенката на Црното сонце. „Детето во мене не ми допушта да бидам песимист подолго од пет минути. Затоа и успеав да останам нормална во мигот кога светот го испушти последниот здив. Сега, во пустошот, песимизмот станува бесмислен како и сè друго, впрочем.“