
Што е тоа дом? Што значи да се биде вдомен? Прашања што ќе го натераат дваесет и петгодишниот Михаил да се впушти во една животопроменлива потрага, која започнува откако на едно од неговите автостоп патувања ја запознава глувонемата Алма Свенсон. На последниот ден од нивниот заеднички престој, девојката исчезнува, како никогаш и да не постоела. Барањето на нејзиното присуство завршува со со наоѓање на едно книжуле со неколку скинати страници, посветено на некаков утопистички остров. Авантура. Мистерија. Филозофија. Ова е приказна која зборува за решителноста на еден млад човек да напуште се во животот и да тргне на патување низ европските патишта со една цел - да го најде внатрешниот мир на островот, за кој и не е сигурен дали воопшто постои. Инспириран од животот на авторот, книгата „Годините кога научив да летам“. ќе ве одведе подалеку од вашите очекувања, ќе ве нурне во светот на талкачи, трагачи и номади, ќе ве спроведе на себеспознавачки координати и ќе би дошепне колку е важно да се следиме себеси.