Нерези, како еден вид чардак, фигуративно претставува точка на постигната рамнотежа меѓу центрифугалната сила кои во поезијата на Ренџов се субјективизирсни во видот на гранично поставените мотиви на падот и на вознесението човеково, меѓу кои се одвива поетска одисеја на авторов. Со други зборови, таа рамнотежа би ја нарекле и како место на синтеза на истражувањата по изврвениот пат и на инспирациите од еден поширок и искуствен план, при што авторот останува доследен на својата основна ориентација во процесот на себебарањето. (Петар Т. Бошковски)