Во романот станува збор за вечниот порив за движење низ времето. Се мешаат разни историски епохи, од античките времиња преку средновековието до совремието и во ист контекст се доведуваат различни личности и настани, се парафразираат митови и легенди од минатото и сцени од Библијата и се поставуваат во модерно доба, како преповторување во нов временски круг.