
„Проклета авлија“ повеќе повест отколку роман по својата структура наликува на една кутија во која влегува друга, а во таа друга влегува трета, во третата четврта… „Проклета авлија“ е приказна во приказна. Колку повеќе ја читате, толку повеќе дознавате дека карактерите на луѓето се различни, но животот е еден. Мора секој да има различен лик, различна личност за да се чувствува нееднаквоста меѓу нас самите. Андриќ прави кула (слична како вавилонската) која е градена од човековите судбини. Навидум ќе помислиме дека без секој се може, но ако една тула ја нема, тогаш се руши сè, се руши општеството и тоа не постои како цело. Дејството во „Проклета авлија“ е прикажано преку инверзивен тек на нарацијата. 19 Век е времето на случување на заплетот во еден затвор во Цариград. Ликот на фра-Петар е движечкиот наратор кој како во рамка ги става случувањата од затворскиот живот, навлегувајќи во поединечните судбини.